Претседателот Ердоган разговараше телефонски со кувајтскиот емир Ал Сабах

Во телефонскиот разговор двајцата лидери си го честитаа Рамазан Бајрам, а воедно беа разгледани и прашања посветени на билатералните односи помеѓу Турција и Кувајт, регионални случувања и соработката во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19)

1422617
Претседателот Ердоган разговараше телефонски со кувајтскиот емир Ал Сабах

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефонски разговор со кувајтскиот емир Шеик Ал Сабах Ал Ахмед Ал Џабир Ал Сабах.

Според објавеното соопштение од одделот за комуникации во претседателскиот кабинет, во телефонскиот разговор двајцата лидери си го честитаа Рамазан Бајрам, а воедно беа разгледани и прашања посветени на билатералните односи помеѓу Турција и Кувајт, регионални случувања и соработката во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19).



Слични вести