Претседателот Ердоган: Му го честитам Рамазан Бајрам на исламскиот свет и на нашиот народ

Претседателот Ердоган во пораката што ја објави по повод Рамазан Бајрам на својот профил на Твитер напиша: „Им го честитам благословениот Рамазан Бајрам на исламскиот свет и на нашиот народ“

1422723
Претседателот Ердоган: Му го честитам Рамазан Бајрам на исламскиот свет и на нашиот народ

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган објави порака на својот профил на социјалната мрежа Твитер во која им го честита муслиманскиот верски празник Рамазан Бајрам на граѓаните на Турција и на целиот исламски свет. 

Ердоган во пораката напиша: „Им го честитам благословениот Рамазан Бајрам на исламскиот свет и на нашиот народ. Посакувам од нашиот Севишен наредниот Рамазан месец да го дочекаме со здравје, благосостојба, мир и спокојство.“

Потпретседателот Фуат Октај исто така во објавата што ја сподели на својот профил на социјалната мрежа Твитер по по повод Рамазан Бајрам напиша: „Од се срце им го честитам Рамазан Бајрам на нашиот честит народ и на исламскиот свет. Мубарек Бајрам, секој наш ден нека биде бајрамски (празничен). Од великиот Аллах посакувам Рамазан Бајрам да донесе мир и благосостојба во нашите домови и срца, и спас за целото човештво.“

Претседателот за верски прашања Али Ербаш худбата по повод Рамазан Бајрам ја читаше во џамијата „Ахмет Хамди Аксеки“ во Анкара земајќи ги во предвид преземените мерки и прописи за социјално растојание и носење маска поради епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Ербаш рече: „И покрај разликите во јазикот, расната припадност, бојата на кожата, географскиот простор и културата, Бајрамите се благословени денови кога муслиманите со ист начин на верување и исти дови (молитви), ги доживуваат истите чувства.“

Претседателот на Претседателството на Турците во странство и роднински заедници (ЈТБ или YTB) Абдуллах Ерен во објавената порака по повод Рамазан Бајрам им го честита празникот на граѓаните во странство и на меѓународните студенти.

Абдуллах Ерен укажа дека ѝ во периодот на епидмеијата ѝ за време на Рамазан не се оставени сами меѓународните студенти, а воедно истакна дека се обезбедени сите нивни потреби и се одржани програми и средби преку интернет со нив.



Слични вести