Претседателот Ердоган им го честита Рамазан Бајрам на турските војници

Претседателот Ердоган им го честита Рамазан Бајрам на турските војници на задача во Поморските сили во Средоземното Море, Егејското Море и Црното Море и на турските војници Мехметчик кои учествуваат во операциите во подрачјата на Идлиб и Африн во Сирија

1422857
Претседателот Ердоган им го честита Рамазан Бајрам на турските војници

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган разговараше телефонски со министерот за национална одбрана Хулуси Акар кој беше во обиколка на воените единици во подрачјето на градот Хатај и во оваа пригода им го честита Рамазан Бајрам на турските војници Мехметчик.

Претседателот Ердоган, за време на посетата на министерот хулуси Акар и командниот врв на Турските вооружени сили (ТВС или TSK), одделно им се обрати преку телефон на турските војници на задача во Поморските сили во Средоземното Море, Егејското Море и Црното Море и на турските војници Мехметчик кои учествуваат во операциите во подрачјата на Идлиб и Африн во Сирија.

Ердоган им честита на турските војници Мехметчик за успешните активности и им го честита Рамазан Бајрам.

„Нашиот народ никогаш нема да ја заборави јуначката војна што ја водите како во борбата против тероризмот, така и во операцијата Извор на мирот, во Африн и во Идлиб. Јас ве бакнувам од вашите очи. Повторно ви го честитам Бајрам. Иншаллах (со Аллахова помош) Севишниот ќе ни овозможи наредните Бајрами да ги славиме спасени од неволјата на коронавирусот, особено ве поздравувам вас и велам Аллах да ви даде моќ и сила.“ - рече Ердоган.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и на средбата преку видеоконференција за време на посетата на министерот за национална одбрана Хулуси Акар и воените команданти во негова придружба на фрегатата ТЏГ Барбарос им се обрати на командантите на воените елементи на задача во Средоземното Море, Егејското Море и Црното Море.

„Со најискрени чувства ви честитам во мое лично име и во име на мојот народ за оваа борба којашто ја водите во сите мориња на нашата земја и во Средоземното Море. Аллах да ни овозможи да се состанеме во денови кога Бајрам Иншаллах (со Аллахова помош) ќе го славиме како Бајрам. Иншаллах откако ќе се спасиме од оваа неволја на коронавирусот, заедно ќе доживееме уште многу различни денови. Ви честитам, ви го честитам Бајрам, им посакувам Бајрам во ајирлија и на вашите семејства.“ - порача претседателот Ердоган.



Слични вести