Хами Аксој: Никако нема да се толерира да дојде до состојба на свршен чин на нашите граници

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој истакна дека никако нема да се толерира да дојде до состојба на свршен чин на турско-грчката граница

1422772
Хами Аксој: Никако нема да се толерира да дојде до состојба на свршен чин на нашите граници

Турција соопшти дека никако нема да се толерира да дојде до состојба на свршен чин на своите граници.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој одговори писмено на едно поставено прашање до Министерството околу тврдењата коишто се изнесуваат од грчка страна во врска со турско-грчката граница.

Велејќи дека Грција на 15 април го извести Министерството за надворешни работи на Турција дека ќе се постави жичана ограда во областа Ферре Купуру на копнениот дел на турско-грчката граница, Аксој рече: „Откако нашето Министерство ја реализира неопходната координација со нашите надлежни институции на 11 мај и беше врачена нота на Грција и побара да не ја прекршува нашата копнена граница, затоа да ги сподели коодинатите на местото каде ќе биде поставена жичаната ограда и да се состане пограничната комисија.“

„Грција истовремено беше информирана дека поради природни и вештачки причини од 1926 година кога е утврдена границата досега во значителна мера е промената договорената граница по речното корито на реката Марица (Мерич), дека не постојат чувствителни координати над кои е постигната согласност помеѓу двете земји во областа на овој дел на границата и дека затоа не треба да бидат започнати активности без претходно да се направи техничка координација помеѓу делегациите на двете земји.“ - рече Аксој.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој напомена дека и покрај овие предупредувања и предлозите за соработка Грција на 13 мај ги започна работите за израмнување на земјиштето и го додаде следното: „(Грција) Ја прекрши нашата договорена копнена граница. Ова прекршување беше спречена во ист момент со преземање на неопходните мерки од страна на нашите надлежни органи. Доколку бидат реализирани разговорите коишто ги предлагаме помеѓу техничките делагции на двете земји, проблемот ќе може да се реши. Никако нема да се толерира да дојде до состојба на свршен чин на нашите граници.“



Слични вести