Калин: Овој процес на нормализација апсолутно не е процес на опуштање и напуштање на превентивните мерки

Портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин во врска со новиот период во борбата на Турција против коронавирусот рече: „Овој процес на нормализација апсолутно не е процес на опуштање и напуштање на превентивните мерки“

1422922
Калин: Овој процес на нормализација апсолутно не е процес на опуштање и напуштање на превентивните мерки

Портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин вчера беше гостин во програмата на еден телевизиски канал кадешто одговараше на поставените прашања посветени на актуелниот дневен ред.

Калин во врска со новиот период во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) ја изнесе следната констатација: „Овој процес на нормализација апсолутно не е процес на опуштање и напуштање на превентивните мерки. Само треба да се адаптираме кон новите услови на нормала на овој нов период. Односно, придржувајќи се кон правлата на носење маска, социјално растојание и хигиена, ќе се научиме да живееме на тој начин.“

На поставеното прашање „Каде сме во борбата против епидемијата? Дали би можеле дека победивме, или е рано да се рече тоа?“, Ибрахим Калин одговори со зборовите: „Не би требало да речеме дека победивме. Се уште нема мошне јасни податоци по прашањето на тоа како ќе се однесува вирусот. Вирусот би можел да мутира. Научниците привлекуваат внимание дека вирусот би можел да располага со модели на различно однесување.“

Појаснувајќи дека постепено се намалува бројот на случаите на зараза и смрт од Ковид-19, Калин рече: „Би можеле да кажеме дека доколку го повлечеме кон нула особено бројот на смртните случаи и интубирани пациенти може да се смета дека сме остваиле зад нас една значајна фаза во оваа борба, меѓутоа веќе треба да го видиме и тоа што значи новата нормала. Односно, ќе продолжиме и во иднина со неопходните мерки особено во три точки; носењето на маска, социјалното растојание и хигиената. Ние, како држава и како народ напишавме приказна на еден голем успех со сите наши институции.“

Портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин го додаде и тоа дека Турција во последните години фрла потпис на извонредни услови по прашањето на хуманитарната дипломатија и дека со тоа станува пример за светот.



Слични вести