Ердоган: „Нема да дозволиме Палестина да биде предадена на некоја друга земја“

Ерусалим е нашата прва кибла, свет град за сите три световни религии и црвена линија за сите муслимани во светот

1423004
Ердоган: „Нема да дозволиме Палестина да биде предадена на некоја друга земја“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече:„Нема да дозволиме Палестина да биде предадена на некоја друга земја.“

Во пораката со честитки по повод Рамазан бајрам до муслиманите во САД претседателот Ердоган рече:

„Од Господ посакувам овие благословени денови да бидат почеток на еден нов период на радоста, спокојството, довербата, мирот на муслиманите во Америка, целиот исламски свет и сите луѓе во светот. Епидемијата на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) ни покажа дека хиерархијата и привилегиите не важат за ниту едно подрачје, област, регион, нација или држава.

Во оваа прилика уште еднаш сакам да подвлечам дека Ерусалим е нашата прва кибла, свет град за сите три световни религии и црвена (забранета) линија за сите муслимани во светот.

Турција нема да дозволи териториите на Палестина да се предадат на некоја друга земја“ потенцираше Ердоган.



Слични вести