Чавушоглу: Одржавме четворен состанок со Германија, Франција и Велика Британија за туризмот

Министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу истакна дека во Турција која води успешна борба против новиот тип коорнавирус (Ковид-19) се водат активности за повторно започнување на туризмот во чии рамки се остварени и разговори со некои земји

1422681
Чавушоглу: Одржавме четворен состанок со Германија, Франција и Велика Британија за туризмот

Министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу беше гостин во програмата на еден локален телевизиски канал во градот Анталја кадешто одговараше на поставените прашања посветени на актуелниот дневен ред.

Чавушоглу истакна дека Турција својата надворешна политика продолжува да ја води под мотото на (основоположникот на Република Турција) Мустафа Кемал Ататурк „Мир во татковината, мир во светот.“

Велејќи дека во Турција која води успешна борба против новиот тип коорнавирус (Ковид-19) се водат активности за повторно започнување на туризмот, Мевлут Чавушоглу рече: „Со Германија, Франција и Велика Британија одржавме четворен состанок по прашањето на туризмот. На два пати разговаравме со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.“ 

Чавушоглу укажа дека туристите се желни да дојдат во Турција и го рече следното: „Ние знаеме дека и нашите германски и руски пријатели и нашите пријатели во Европа и сите оние ки ја познаваат нашата земја, сакаат да дојдат во Турција. Кога ќе направат споредба со нивото во другите алтернативни земји и по прашањето на пандемијата, на преден план се појавува Турција. Затоа сакаат да дојдат.“

Министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу привлече внимание дека нема да биде доволно Турција еднострано да ги започне летовите во процесот на нормализација и го подвлече следното: „Како ќе бидат прчеекани туристите. Дали нивните здравствени контроли ќе бидат направени во земјите од кои доаѓаат или на аеродромите во Турција? Треба да се одговори на сиве овие прашања и земјите треба да бидат убедени да дојдат на одмор во Турција. Во овој процес се значајни и концептот и сертификацијата на хотелите.“



Слични вести