Претседателот Ердоган оствари телефонски разговор со американскиот претседател Трамп

Двајцата лидери, во телефонскиот разговор освен за билатералните односи помеѓу двете земји се осврнаа и на регионални случувања на чело со Либија и Сирија

1422539
Претседателот Ердоган оствари телефонски разговор со американскиот претседател Трамп

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп.

Двајцата лидери, во телефонскиот разговор освен за билатералните односи помеѓу двете земји се осврнаа и на регионални случувања на чело со Либија и Сирија.

Ердоган и Трамп постигнаа согласност по прашањето на продолжување на политичката и воената соработка, а со цел воспоставување на мирот и стабилноста во регионот.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и американскиот претседател Доналд Трамп во телефонскиот разговор потврдија дека народите на двете земји се во солидарност во борбата против глобалната епидемија на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

 



Слични вести