Кризата со Ковид-19 уште повеќе ги зближи Турција и ЕУ

Основата на односите со ЕУ ја формира процесот на пристапување. Еу ќе има потреба за соработка со Турција и по епидемијата.

1422446
Кризата со Ковид-19 уште повеќе ги зближи Турција и ЕУ

Заменик министерот за надворени работи и претседател на комисијата за преговори со ЕУ амбасадорот Фарук Кајмакчи рече дека кризата од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) уште повеќе ги интензивира средбите и контактите меѓу Турција и ЕУ.

Фарук Кајмакчи и претседателот на делегацијата на ЕУ за Турција Кристијан Бергер на седницата на платформите на социјалните медиуми во живо направија проценка на односите меѓу Турција и ЕУ.

Кајмакчи во оваа прилика рече дека постојат многу повеќе теми за разговори ов односите меѓу Турција и ЕУ отколку миграциите.

Основата на односите со ЕУ ја формира процесот на пристапување. Во меѓувреме очекуваме да се ажурира Царинската унија. Исто така сакаме да постигнеме напредок во визната либерализација.

Ковид-19 ги интензивира контактите меѓу Турција и ЕУ. Во период кога целиот свет беше принуден да се состои со кризата на епидмеијата, во Европа уште еднаш беше сфатено значењето на Турција.

Европа во овој период имаше можност да го сфати и логистичкиот, а не само медикалниот капацитет на Турција која пружи медикална, медицинска помош на некои земји членки и кандидати на ЕУ. Кризата од Ковид-19 уште повеќе го зближи Турција и ЕУ. Освен тоа Ковид-19 ни покажа што се може Турција да направи во период на криза.

Претседателот на делегацијата на ЕУ за Турција Кристијан Бергер потенцираше дека ќе има потреба за соработка со Турција и по епидемијата.



Слични вести