Ердоган: „Моќта, богатството и благосостојбата на Турција ќе ги искачиме на повисоко ниво“

Претседателот Ероган им го честиташе празникот на сите граѓани на државата

1422479
Ердоган: „Моќта, богатството и благосостојбата на Турција ќе ги искачиме на повисоко ниво“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека по епидемијата на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19), во период кога светот ќе се преструктуира од политички и економски аспект, моќта, богатството и благосостојбата на Турција ќе ги искачиме на повисоко ниво.“

Претседателот Ероган во пораката по повод празникот Рамазан бајрам, освен тоа што им го честиташе празникот рече дека „по епидемијата, во период кога светот ќе се преструктуира од политички и економски аспект, моќта, богатството и благосостојбата на Турција ќе ги искачиме на повисоко ниво.

Како резултат на мерките што ги презедовме во борбата против Ковид-19, не дозволивме ниту еден граѓанин да биде жртва на неповолното влијание на кризата, поради што ги ангажиравме сите извори на државата.

Во видео пораката што ја објави по повод Рамазан бајрам, претседателот Ердоган им го честиташе празникот на сите граѓани на државата и им порача овој празник, поради Ковид-19 кој го погоди светот и Турција, да го поминат дома.

Заедно со Турција, утре уште 15 земји меѓу кои Саудиска Арабија, Катар, Кувајт, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Бахреин, Палестина, Јордан Ирак, Јемен, Египет, Либија, Сирија, Либан, Алжир и Тунис ќе го одбележат празникот Рамазан бајрам.

Празникот Рамазан бајрам којшто ќе започне да се одбележува на 24 мај ќе трае 3 дена.



Слични вести