Бројот на оздравените од Ковид-19 во Турција се зголеми на 117.602 пациенти

Во Турција од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 32 лица, регистрирани се 1.186 новозаразени, а оздравеа 1.491 заболено лице од вирусот

1422557
Бројот на оздравените од Ковид-19 во Турција се зголеми на 117.602 пациенти

Успехот што го бележи Турција во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува со намалување и на бројот на смртните случаи и на случаите на зараза.

Бројот на починатите во изминатите 24 часа изнесува 32 лица, со што вкупниот број на смртните случаи  достигна до 4.308.

Во изминатите 24 часа се направени 40.178 теста од кои се дијагностицирани 1.186 новозаразени.

Вкупниот број на регистрирани случаи на зараза од коронавирусот изнесува 155.686 лица.

Заедно со уште 1.491 излекувано лице во изминатите 24 часа, вкупниот број на оздравени пациенти кои досега ја победија болеста во Турција и се отпуштени од болница се зголеми на 117.602 лица.

 

 



Слични вести