Во подрачјето на операцијата Извор на мирот на северот на Сирија се неутрализирани 10 терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека во подрачјето на операцијата Извор на мирот, источно од реката Еуфрат во североисточниот дел на Сирија, се неутрализирани 10 терористи на ПКК/ЈПГ

1421920
Во подрачјето на операцијата Извор на мирот на северот на Сирија се неутрализирани 10 терористи

Во подрачјето на операцијата Извор на мирот, источно од реката Еуфрат во североисточниот дел на Сирија, се неутрализирани 10 терористи припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ кои се обиделе да се префрлат во подрачјето.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека ноќта на 19 мај група терористи се обидоа да се префрлат во подрачјето на операцијата Извор на мирот.

Во соопштението се вели следното: „Од страна на нашите јуначки командоси се утврдени и неутрализирани 10 терористи на ПКК/ЈПГ.“

На тој начин, бројот на неутрализираните терористи во последниот еден месец во подрачјето на операцијата Извор на мирот се зголеми на вкупно 66.

Вкупниот број на неутрализираните терористи во сите подрачја кадешто се реализираат операции од 1 јануари досега пак, изнесува 1.445.



Слични вести