Сочувство од Турција до Пакистан за загинатите во авионската несреќа во градот Карачи

Министерството за надворешни работи објави соопштение со жалење и сочувство до Пакистан поради срушениот патнички авион во близина на аеродромот во градот Карачи во кој се наоѓаа вкупно 107 лица од кои 99 патници и 8 членови на екипажот

1421958
Сочувство од Турција до Пакистан за загинатите во авионската несреќа во градот Карачи

Турција го изрази своето сочувство до Пакистан поради авионската несреќа во градот Карачи којашто се случи денеска при уривање на патнички авион со вкупно 107 лица од кои 99 патници и 8 членови на екипажот.

Во објавеното соопштение на интернет страницата на Министерството за надворешни работи се истакнува следното: „Со големо жалење е дочекана веста за уривањето на патнички авион во сопственост на Пакистанската меѓународна авиокомпанија врз населено место при што животот го загубија голем број лица. На загинатите во оваа трагична несреќа им посакуваме милост од Аллах, а на пријателската пакистанска влада и на братскиот пакистански народ им го изразуваме нашето сочувство.“



Слични вести