Реакција од Турција на одлуката на Сенатот на Чешка во врска со настаните од 1915

Министерството за надворешни работи покажа реакција против изгласаната одлука во Сенатот на Чешка во врска со настаните од 1915 година

1421665
Реакција од Турција на одлуката на Сенатот на Чешка во врска со настаните од 1915

Турција покажа реакција против изгласаната одлука завчера во Сенатот на Парламентот на Чешка, а во врска со настаните од 1915 година.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува дека одлуката за која станува збор покажува дека во Чешка сѐ уште е влијателен оној искривоколчен менталитет којшто им наштети а билатералните односи на двете земји во 2017 година и кој е еднострано исцениран над  неосновани изговори. 

Во соопштението се вели дека тоа што одлуката за која станува збор е донесена во период кога целиот свет води борба против пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) и во присуство на мал број членови во Сенатот, исто така отворено го покажува и подмолниот менталитет во позадината на ова.

Се нагласува дека како што е заклучено и од страна на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во членовите број 173 и 231 со датум од 2015 година, а потоа е потврдено и со втора донесена одлука во 2017 година, не е можно да им се придаде поголемо значење на настаните од 1915 година освен од водење на една историска дискусија.

Во соопштението на МНР се вели следното: "Неприфатливи се обидите  за дефинирање на едно историско прашање  во правец на интересите на политиката и на одредени средини. Посакуваме оние кои сакаат да ја разгледат историјата еднострано да го земат во предвид начинот на сфаќање на нашиот претседател (Реџеп Тајјип Ердоган) кој во испратеното писмо до патријархот на Ерменците во Турција по повод 24 април ги сподели заедничките болки."

Во соопштението се истакнува дека се упатува повик до Парламентот на Чешка да се почитуваат одредбите на Лозанскиот мировен договор, меѓународните судски одлуки и историските и актуелните извори на меѓународното право. 

Во продолжението на соопштението на Министерството за надворешни работи се подвлекува слефното: "Оваа одлука која што е неважечка (ништовна) за нас, не претставува ништо друго освен залуден обид на оние кои се во потрага по дневни интереси и пишување на историјата на маса.

Освен тоа во соопштението се напоменува и тиа дека министерот за надворешни работи на Чешка Томас Петричек истакна дека оваа одлука не го презентира ставот на Владата и дека тоа е забележано.



Слични вести