Порака од претседателот Ердоган по повод 156 годишнината од прогонот на Черкезите: Ги споделувам вашите болки

Претседателот Ердоган во својата порака напиша: „На 156 годишнината од прогонувањето од нивната татковина ги споделувам болките на нашите черкески браќа, уште еднаш на жртвите им посакувам милост од Аллах.“

1421451
Порака од претседателот Ердоган по повод 156 годишнината од прогонот на Черкезите: Ги споделувам вашите болки

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на својот профил на социјалната мрежа Твитер објави порака по повод 156 годишнината од прогонот на Черкезите.

Претседателот Ердоган во својата порака напиша: „На 156 годишнината од прогонувањето од нивната татковина ги споделувам болките на нашите черкески браќа, уште еднаш на жртвите им посакувам милост од Аллах.“ 

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп исто така во пораката што ја објави на својот профил на социјалната медија потсети дека на 21 мај 1864 година беа измасакрирани илјадници семејства без да се прави разлика меѓу жени, мажи, млади, стари и деца, беа протерани од својата татковина и испратени во прогонство повеќе од 1 милион Черкези.

„На 156 годишнината од Големиот прогон на Черкезите ја спделувам оваа голема болка, им посакувам милост на сите наши браќа кои го загубија животот.“ - напиша во својата порака претседателот на Собранието Мустафа Шентоп. 

Прогонот на Черкезите (21 мај 1864 година) заведен во историјата на човештвото како „црна дамка“, е реализирано прогонство на черкескиот народ од Кавказ, од страна на Царска Русија.

 



Слични вести