Калин оствари телефонски разговор со советникот за национална безбедност на САД О'Брајан

Портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин и советникот за национална безбедност на САД Роберт О'Брајан разговараа телефонски за низа актуелни прашања

1421832
Калин оствари телефонски разговор со советникот за национална безбедност на САД О'Брајан

Портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин оствари телефонски разговор со советникот за национална безбедност на Соединетите Американски Држави (САД) Роберт О'Брајан. 

Во разговорот беа разгледани билатералните односи меѓу двете земји, борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19), солидарноста во НАТО, случувањата во Сирија и Либија и регионални прашања.

Притоа Калин и О' Брајан ја изнесоа потребата од поддршка на либиската влада која е призната од страна на Обединетите нации (ОН) и стопирање на незаконските дејствија и нападите на Хафтар. 

Во разговорот е постигната согласност по прашањето на тоа дека треба да се изнајде решение за сириската криза и да се вложуваат поголеми напори во борбата против секој вид тероризам, а воедно е подвлечено и значењето на солидарноста во НАТО во овие критични денови.



Слични вести