Ердоган: Кризата со епидемијата на Ковид-19 ја оставаме зад нас со најмала штета

Претседателот Ердоган истакна дека Турција кризата со епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) ја остава зад себе со најмала штета

1422028
Ердоган: Кризата со епидемијата на Ковид-19 ја оставаме зад нас со најмала штета
Cumhurbaşkanı Erdoğan İl Başkanları Video Konferans 3.jpg
Cumhurbaşkanı Erdoğan İl Başkanları Video Konferans 2.jpg
Cumhurbaşkanı Erdoğan İl Başkanları Video Konferans 4.jpg
Cumhurbaşkanı Erdoğan İl Başkanları Video Konferans 1.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган преку видеоконференција се обрати пред состанокот на претседателите на градските ограноци на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата).

Ердоган истакна дека Турција кризата со епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) ја остава зад себе со најмала штета и го рече следното: „Ќе продолжиме да бидеме во состојба на целосна готовност (будни). Најмала можност би можела да доведе до повторување на епидемијата.“

Велејќи дека е презентиран успешен процес на управување по прашањето на надминување на економските, социјалните и хуманитарните тешкотии предизвикани поради преземените мерки, претседателот Ердоган рече: „Не е доволно да ја победиме оваа епидемија како Турција, само во нашите сопствени граници. За да би можеле сите слободно да воздивнеме епидемијата треба да се неутрализира во целиот свет, а пред се во нашето поблиско опкружување.“ 

Ердоган во својот говор исто така напомена дека во Турција и во светот уште извесно време секојдневниот живот ќе мора да функционира според новите правила. 

„Министерствата и сите институции вложија големи напори во управувањето со процесот на епидемијата и фрлија потпис на историски успеси“, појасни претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и го додаде следното: „Поминуваме кон еден нов период којшто би можеле да го резимираме како почитување на правилата на носење маска, физичко растојание и хигиена.“



Слични вести