Сочувство од Турција до Нигерија за загинатите во терористичкиот напад

МНР. „Турција остро го осудува овој грозоморен напад“

1421009
Сочувство од Турција до Нигерија за загинатите во терористичкиот напад

Турција и изрази сочувство на западноафриканската држава Нигерија за загинатите во терористичкиот напад кој беше извршен во оваа земја.

Во писменото соопштение кое беше обајвено од страна на Министерството за надворешни работи (МНР) беше истакнато дека веста за загинатите и повредените во вчерашните напади во покраините Борно и Јобе во Нигерија беше пречекана со големо жалење.

„Турција остро го осудува овој грозоморен напад. На загинатите им посакуваме божја милост, ана повредените што побрзо да оздрават. На народот на Нигерија му изразуваме сочувство.“

Во вооружениот напад на терористичката организација Боко Харам во покраините Борно и Јобе во Нигерија загинаа 20 лица, а голем број лица беа повредени.



Слични вести