Предупредување од Турција до пучистот Хафтар во Либија

„Доколку цел на напад бидат турските интереси во Либија тоа ќе има многу тешки последици и елементите на пучистот Хафтар ќе ги сметаме за легитимна цел“ -рече портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој

1421283
Предупредување од Турција до пучистот Хафтар во Либија

Турција соопшти дека доколку цел на напад бидат турските интереси во Либија елементите на пучистот Хафтар ќе се сметаат за легитимна цел.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој одговори писмено на едно поставено прашање до Министерството во врска со изјавите на милициските сили лојални на Халифа Хафтар, лидерот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на Либија, кои истакнуваат дека ќе ги напаѓаат турските сили и интереси.

Аксој истакна дека привлекува внимание тоа оти изјавата во која се алудира на еден странски информативен орган и се наведува дека нелегитимните милициски сили лојални на пучистот Хафтар ќе реализираат воздушни напади врз туриските интереси, пристигна по распоредувањето на нови воени авиони во источниот дел на Либија со надворешна поддршка.

Нагласувајќи дека оваа изјава која е одраз на тешките загуби коишто ги трпат елементите лојални на Хафтар во последно време на теренот претставува најотворен показател за тоа дека пучистот Хафтар и неговите поддржувачи имаат намера да го ексалираат конфликтот во Либија, портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој рече: „По овој повод уште еднаш потсетуваме дека доколку цел на напад бидат турските интереси во Либија тоа ќе има многу тешки последици и елементите на пучистот Хафтар ќе ги сметаме за легитимна цел.“



Слични вести