Фахреттин Алтун за „Вашингтон Тајмс“: Стратегијата на Турција го промени текот на епидемијата на Ковид-19

Шефот на одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун во статијата што ја напиша за американскиот весник „Вашингтон Тајмс“ истакна дека Турција со фрлените чекори успеа да го сврте наопаку текот на епидемијата на Ковид-19

1421404
Фахреттин Алтун за „Вашингтон Тајмс“: Стратегијата на Турција го промени текот на епидемијата на Ковид-19

Шефот на одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун за американскиот весник „Вашингтон Тајмс“ („The Washington Times“) напиша статија под наслов „Стратегијата на Турција го промени текот на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19)“.

Привлекувајќи внимание дека турската држава им ги нуди бесплатно универзалните здравствени услуги на сите свои граѓани, Алтун истакна дека во последниот период е добиен резултатот од реализираните инвестирања во здравствената инфраструктура, на времето.

Фахреттин Алтун нагласи дрека Турција со фрлените чекори успеа да го сврте наопаку текот на епидемијата и брзината на раст на новите случаи на зараза опадна на најниско ниво од месец март кога беше утврден првиот случај на зараза.

Тој рече дека бројот на отпуштените оздравени лица од болница го надмина бројот на новите дијагностицирани случаи на зараза.

Шефот на одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун информира дека Турција им достави помош на голем број земји погодени од епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) меѓу кои се наоѓаат Италија, Шпанија, Северна Македонија, Иран, Косово, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и др.



Слични вести