Бројот на регистрираните случаи на зараза од Ковид-19 во Турција дневно опадна на 961 лице

Во Турција од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 27 пациенти, регистрирани се 961 новозаразено лице, а оздравеа 1.003 заболени од вирусот

1421377
Бројот на регистрираните случаи на зараза од Ковид-19 во Турција дневно опадна на 961 лице

Успехот што го бележи Турција во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува со намалување и на бројот на смртните случаи и на случаите на зараза.

Опаѓањето на дневниот број на регистрираните случаи на зараза од вирусот на под илјада, влева надеж.

Бројот на починатите во изминатите 24 часа се намали на 27 лица и вкупниот број на смртните случаи  изнесува 4.249.

Во изминатите 24 часа се направени 33.633 теста од кои се дијагностицирани 961 новозаразено лице.

Вкупниот број на регистрирани случаи на зараза од коронавирусот изнесува 153.548 лица.

Заедно со уште 1.003 излекувани во изминатите 24 часа, вкупниот број на оздравени пациенти кои досега ја победија болеста во Турција и се отпуштени од болница се зголеми на 114.990 лица.



Слични вести