Реакција од Турција до Грција поради изјавите на оваа земја во врска со 19 мај 1919 година: Соочете се со вашата историја

МНР на Турција нагласи дека неоснованите и апсурдни изјави од страна на Грција по повод одбележувањето на 19 мај 1919 годин,а не се усогласуваат со историските вистини и со вредностите на 21-от век и ја повика оваа земја да се соочи со својата историја

1420166
Реакција од Турција до Грција поради изјавите на оваа земја во врска со 19 мај 1919 година: Соочете се со вашата историја

Турција соопшти дека воените злосторства коишто се извршени од страна на грчката армија за време на окупацијата на Анадолија во 1919 година, а кои во спротивност со военото право се утврдени и од страна на Лозанскиот мировен договор од 1923 година.

Министерството за надворешни работи на Турција нагласи дека неоснованите и апсурдни изјави од страна на грчкиот Парламент и грчките власти по повод одбележувањето на 19 мај 1919 година Денот на сеќавање на Ататурк и Празник на младоста и спортот (инаку, датумот кога основоположникот на Република Турција Мустафа Кемал Ататурк ја започна народноослободителната борба), не се усогласуваат со историските вистини и со вредностите на 21-от век.

Во објавеното писмено соопштение од МНР на Турција во врска со некои манифестации коишто беа одржани вчера во Грција и дадените изјави од страна на властите на оваа земја се истакнува следното: „Датумот 19 мај 1919 година кога беше фрлен првиот чекор на нашата народноослободителна борба, е честит ден не само за нашиот народ, туку за сите угнетени народи кои воделе борба против империјализмот. Неоснованите и апсурдни изјави коишто се изнесени од страна на грчкиот Парламент и грчките власти во еден ваков ден, по повод 19 мај 1919 година, не се усогласуваат ниту со историските вистини, ниту со вредностите на 21-от век.“

Во соопштението се потсетува дека на 15 мај 1919 година грчката армија го окупира градот Измир и се вели следното: „Оваа болна окупација, се претвори во планирана и срамна окупација која стана сцена на зулум, а за што не постои никакво оправдување... /.../ Со членот број 59 од Лозанскиот мировен договор е утврдено дека извршените злосторства од страна на грчката армија се во спротивност со военото право.“

„Тоа што, по формирањето на Република Турција грчкиот премиер (Елефтерос) Венизелос во 1943 година го прикажа големиот лидер Мустафа Кемал Ататурк за кандидат за Нобеловата награда за мир, претставува еден друг доказ за тоа дека неодговорните политичари и радикалните средини денеска се во обид да ја читаат историјата наопаку.

Грција која инсистира во индиферентноста кон нашите обиди за решавање на проблемите во нашите билатерални односи по пат на дијалог, ја повикуваме да ја фати нашата рака на пријателство којашто и ја подаваме исто како и во минатото и тоа претставува потреба и на правилното читање на промените во светот.“ стои во објавеното сопштение на Министерството за надворешни работи на Турција.



Слични вести