Коџа: Падот под илјада случаи дневно ќе претставува показател за конечниот успех против Ковид-19

Министерот за здравство Фахреттин Коџа истакна дека откако бројот на случаите на зараза од новиот тип коронавирус (Ковид-19) ќе опадне дневно под илјада, овој пад ќе претставува показател за конечниот успех

1420667
Коџа: Падот под илјада случаи дневно ќе претставува показател за конечниот успех против Ковид-19

Министерот за здравство Фахреттин Коџа по состанокот на Научниот совет одржа прес конференција на која информираше за последната состојба со новиот тип коронавирус (Ковид-19), а потоа одговараше и на прашањата на претставниците на печатот.

Министерот Коџа истакна дека борбата против коронавирусот ќе биде најголема мобилизација во поблиско време и напомена дека преземените мерки против новиот тип коронавирус (Ковид-19) се присвоени од страна на општеството.

Велејќи „Откако бројот на случаите на зараза ќе опадне под илјада (дневно), овој пад ќе претставува показател за конечниот успех“, Коџа истакна дека доколку се почитуваат преземените мерки за време на Рамазан Бајрам (од 24 до 26 мај) потоа би можело да се биде послободен.

Фахреттин Коџа објасни дека поради тоа што не беше познато колку ќе трае борбата против вирусот животот беше повторно испланиран и рече: „Ризикот се уште е во движење. Намалувањето на бројот на новозаразените пациенти не претставува доверба. Не треба да се излегува на улица без маска, треба да се почитува правилото на социјално растојание. Успеавме во во првата фаза на борбата, немам сомневање дека ќе успееме и во оваа фаза.“

Потсетувајќи дека почнувајќи од утре во работните места ќе има постери и упатства со мерки коишто треба да се почитуваат во тоа работно место, министерот за здравство Фахреттин Коџа информира дека лицата со посредство на мобилната апликација „Животот го исполнува домот“ можат да покажат дека не носат ризик и дека не се заболени или не биле во контакт, а воедно ќе можат да патуваат со кодот што ќе го добијат од оваа апликација.



Слични вести