Во судирите со терористите во Карс загина еден турски војник

Претседателот Ердоган на турскиот војник му посака божја милост

1419716
Во судирите со терористите во Карс загина еден турски војник

Во судирите со терористите во месноста Кагизман кај Карс загина еден турски војник.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган по вчерашниот состанок на претседателскиот кабинет ја објави веста за смртта на турскиот војник и изрази сочувство. Ердоган на турскиот војник му посака божја милост.

Потпретседателот на државата Фуат Октај во објавата преку профилот на твитер исто така изрази сочувство и истакна дека Турција ќе го наплати цехот на овој кукавички напад. Решителни сме во откорнувањето на тероризмот од овие територии, подвлече Октај.



Слични вести