Ердоган: Турција во 2002 година имаше 276 брани, ние на нив додадовме уште 585 брани

Претседателот Ердоган преку видеоконференција учествуваше на церемонијата на свечено пуштање во погон првата од шесте турбини на хидроелектричната централа на браната Илису којашто е изградена во рамките на Проектот за Југоисточна Анадолија (ГАП)

1420003
Ердоган: Турција во 2002 година имаше 276 брани, ние на нив додадовме уште 585 брани

Денеска свечено е пуштена во погон првата од шесте турбини на хидроелектричната централа на браната Илису којашто е изградена во рамките на Проектот за Југоисточна Анадолија (ГАП), кој претставува визионерски проект на Турција.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на церемонијата учествуваше преку видео конференција и во својот говор во оваа пригода го рече следното: „Ветрот на мирот, братството, просперитетот и спокојството што ќе вее од браната Илису ќе се чувствува во бранови на овие територии во текот на долги векови.“

Велејќи дека се очекува годишниот придонес на браната Илису на економијата да изнесува 2,8 милијарди турски лири (приближно 411 милиони долари), Ердоган рече: „Водата којашто ќе се собере овде ќе ја пуштиме во браната Џизре што ќе ја изградиме наскоро и со тоа ќе можеме да произведеме енергија од 1,1 милијарда киловат часа и ќе можеме да наводнуваме земјиште од 765 илјади декари.“

„Турција во 2002 година имаше 276 брани. Ние на нив додадовме уште 585 брани. Само во 2020 година планираме да пуштиме во употреба 403 постројки чија изградба е завршена.“ - порача претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

 

 



Слични вести