Ердоган: „Денес имам можност да го видам истиот дух, возбудување и радост во очите на младите“

Mојот голем народ којшто сакаа да го погребаат во минатото, со голема упорност, издржливост, храброст, решителност и верба се соочи со сите тешкотии и по цена на животот ги уништи сите закани насочени против татковината и знамето

1419721
Ердоган: „Денес имам можност да го видам истиот дух, возбудување и радост во очите на младите“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган по повод 19-ти мај, Денот на сеќавање на Ататурк и Празник на младината и спортот објави порака со честитки.

Ердоган пораката ја започна со зборовите „Драги млади, вие кои сте светлината, надежта и иднината на земјата“. Денес духот, возбудувањето и радоста на Националната борба којашто Мустафа Кемал Ататурк, основачот на современа Република Турција ја започна на 19 мај од Самсун, со одржување на конгресите во Амасра, Ерзурум и Сивас имам можност да ги забележам во очите на младите.

Во текот на целата борба за подобра иднина, мојот голем народ којшто сакаа да го погребаат во минатото, со голема упорност, издржливост, храброст, решителност и верба се соочи со сите тешкотии и по цена на животот ги уништи сите закани насочени против татковината и знамето.

Вие турските млади кои сте гаранција за нашата слобода, суверенитет и републиката. Денес кога се залагаме за посветла, подобра иднина исполнета со надеж и мир, од вас очекуваме да излезете во пресрет на татковината и знамето кои ни ги оставија во аманет нашите предци и во името на слободата, овие вредности да ги пренесете на следните поколенија. Цврсто сум убеден дека многу ќе се залагате со исполнување на оваа голема одговорност која што ја презедовте и со голема решителност ќе излезете во пресрет на Реубликата и републичките придобивки.

Претседателот Ердоган на младите и големиот турски народ им го честиташе 19 мај, Денот на сеќавање на Ататурк и Празник на младината и спортот и им одаде почит на Гази Мустафа Кемал Ататурк и сите херои кои загинаа во Народноослободителната војна.



Слични вести