Турција, земја со најбројно младо население во Европа

Турција со приближно 13 милиони младо население на возраст од 14 до 24 години е земја со најбројно младо население во Европа

1419311
Турција, земја со најбројно младо население во Европа

Турција со своето младо население кое брои приближно 13 милиони, остави зад себе 20 земји членки на Европската унија (ЕУ) по вкупниот број на населението со кое располагаат. 

Според податоците на Европската канцеларија за статистика (Евростат) и Институцијата за статистика на Турција (ТУИК), заклучно со минатата година младото население од 15 до 24 годишна возраст во Турција брои 12 милиони 955 илјади 672 лица и оваа бројка изнесува 15,6 отсто од вкупното население (околу 83 милиони 155 илјади). 

На тој начин Турција со своето младо население остави зад себе 20 земји членки на Европската унија (ЕУ).

Турција, ѝ по бројот на своето младо население, ѝ по бројот на вкупното население со кое располага се наоѓа на чело на Европа. 

По Турција, од аспект на младото население во Европа се наоѓаат Данска со 12,63 отсто, Ирска со 12,55 отсто, Холандија 12,34 отсто, Франција 11,75 отсто, Германија 10,37 отсто и Италија 9,75 отсто.

Земја со најнизок процент на младо население меѓу земјите членки на Европската унија (ЕУ) пак, со 8,90 отсто е Бугарија, а по неа следуваат Чешка со 9,07 отсто и Летонија со 9,17 отсто.



Слични вести