Рамазан Бајрам главна точка на дневниот ред на денешниот состанок на претседателскиот кабинет

Главна точка на дневниот ред на денешниот состанок на претседателскиот кабинет ќе биде Рамазан Бајрам којшто ќе започне на 24 мај во недела притоа ќе биде конкретизирано колку дена ќе трае Бајрам и кои мерки ќе се применуваат за време на празникот

1419254
Рамазан Бајрам главна точка на дневниот ред на денешниот состанок на претседателскиот кабинет

Денеска ќе се одржи состанок на претседателскиот кабинет под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Главна тема на состанокот преку видеоконференција ќе биде борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) и согласно добиените резултати ќе бидат разгледани новите чекори коишто ќе бидат фрлени. 

На чело на дневниот ред ќе биде Рамазан Бајрам којшто ќе започне на 24 мај во недела така да на состанокот се очекува да се конкретизира одлуката колку дена ќе трае Рамазан Бајрам. 

Веројатноста да дојде до голема раздвиженост на граѓаните за време на Рамазан Бајрам ја налага и можноста од ограничување на излегувањето на улица т.е. движењето на граѓаните. Така на денешниот состанок на претседателскиот кабинет ќе се изнајде одговор и на ова прашање.

Друга точка на дневниот ред на состанокот ќе биде и ограничувањето за влегување и излегување коешто продолжува да се применува во 15 градови. Ќе бидат анализирани резултатите во наведените 15 градови и согласно проценките коишто ќе бидат направени, на 16-те градови за кои се укинати ограничувањата за влегување и излегување ќе бидат додадени нови градови.

На дневен ред на состанокот на претседателскиот кабинет ќе бидат поставени и последната состојба во чекорите коишто ќе бидат фрлени за „Новиот период во нормала“.

Согласно активностите коишто се реализираат се очекува да биде ревидиран календарот во врска со враќањето на животот во земјата во нормала.

 



Слични вести