Полициски час за празникот Рамазан бајрам во Турција

Во случај да дојде до неповолен развој на случувањата, можеме да бидеме изложени на преземање некои порестриктивни мерки

1419578
Полициски час за празникот Рамазан бајрам во Турција

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека согласно мерките за заштита од Ковид-19, полицискиот час во Турција ќе започне на 23 мај, на арифе во сите градови во земјата и ќе трае за време на целиот празник Рамазан бајрам од 24 до 26 мај.

По состанокот на претседателскиот кабинет што се одржа со посредство на видео конференција, претседателот Ердоган одржа прес конференција.

Ердоган во оваа прилика рече дека успешно продолува борбата против Ковид-19 на Турција потенцирајќи дека бројот на заразените коишто се лекуваат е доста низок и дека преминот кон нормалниот живот може да се реализира со ресетирање на оваа бројка.

„Во случај да дојде до неповолен развој на случувањата, можеме да бидеме изложени на преземање некои порестриктивни мерки“ подвлече Ердоган.

Целосното исчезнување на заканата од епидемијата која своето влијание го покажа на глобално ниво може да се случи единствено само со изнаоѓање решение на епидемијата во светот.

Не можеме целосно и со години да ги затвориме границите на Турција, да го суспендираме секојдневниот живот и да чекаме да заврши епидемијата. Според претпоставките идниот месец во голема мера ќе се оствари процесот на нормализација.

Претседателот Ердоан додаде дека полицискиот час во Турција ќе започне на 23 мај, на арифе и ќе трае за време на целиот празник Рамазан бајрам.

Што се однесува на образованието на учениците и студентите, Ердоган рече дека образованието на децата се одложува до новата учебна година во септември, додека џамиите за клањање намаз ќе се отворат на 29 мај, согласно новите мерки и правила за заштита од Ковид-19.



Слични вести