Хами Аксој: Турција ќе продолжи со поддршка на кримските Татари и на братските кавкаски народи

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој истакна дека Турција ќе продолжи да ги поддржува своите сонародници кримски Татари Турци и братските кавкаски народи кои се протерани насилно од нивните татковински територии

1419367
Хами Аксој: Турција ќе продолжи со поддршка на кримските Татари и на братските кавкаски народи

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој одговори писмено на едно поставено прашање до Министерството посветено на кримските Татари Турци.

Аксој истакна дека Турција ќе продолжи да ги поддржува своите сонародници кримски Татари Турци и братските кавкаски народи кои се протерани насилно од нивните татковински територии.

Аксој потсети дека кримските Татари Турци кои се староседелски народ на Крим на денешен ден пред 76 години насилно беа откинати од својата татковина и под нечовечни услови беа протерани (испратени во прогонство). 

Нагласувајќи дека голем дел од 250 илјади кримски Татари го загубија животот за време на прогонството или во местата кадешто беа прогонети, Хами Аксој подвлече дека кримските Татари по прогонството во 1944 година со децении не можат да се вратат во својата татковина на кримскиот полуостров.

„Турција, како во минатото така и денеска ќе ја продолжи својата поддршка на кримските Татари Турци, за надоместување на нивните штети и за живот во благосостојба и доверба зачувувајќи го својот идентитет“, - рече Аксој и го додаде следното: „По тој повод, уште еднаш ја потврдуваме нашата поддршка на територијалниот интегритет на Украина.“

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој потсети дека за време на прогонот на Черкезите пак, како еден од најболните настани во историјата, кога на 21 мај пред 156 години кавкаските народи беа принудени да ги напуштат своите домови, под тешки услови беа доживеани големи загуби, и тоа претставува трагедија на која се сеќаваме со големо жалење.

„Ги споделуваме болките на сонародниците кримски Татари Турци и на братските кавкаски народи, до изразуваме нашето сочувство за оние кои ги загубија животите за време на овие трагични настани коишто оставија неизбришливи траги во нашата заедничка меморија и ја наведнуваме нашата глава со почит пред нивните спомени.“ - рече Хами Аксој.



Слични вести