Ибрахим Калин: Меѓународните организации се недоволни во борбата против Ковид-19

Портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин истакна дека почнаа да се преиспитуваат повеќе меѓународните организации кои се недоволни во борбата против коронавирусот

1419318
Ибрахим Калин: Меѓународните организации се недоволни во борбата против Ковид-19

Портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин на каналот Јутуб учествуваше во емисија во живо кадешто се осврна на актуелниот дневен ред.

Калин истакна дека почнаа повеќе да се преиспитуваат меѓународните организации кои се недоволни во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19). 

Тој нагласи дека во процесот на епидемијата на Ковид-19 се добиваат позитивните резултати од инвестирањата коишто се реализирани во сферите на здравствените мерки, јавниот поредок, секторот на храна, транспортот и комуникацијата.

Велејќи дека текот на епидемијата во Европа ги ослабува идејата и духот на солидарност во Европската унија (ЕУ), Калин истакна дека расте скептичноста по прашањето на идејата на Европската унија (ЕУ) и дека се интензивирани дискусиите меѓу европските земји кои се затекнати неподготвени пред оваа епидемија.

Ибрахим Калин рече: „Во овој процес се преиспитуваат и ефикасноста и легитимноста на Обединетите нации (ОН). Колку беше влијателна Светската здравствена организација (СЗО)? Се преиспитува Г-20. Ова преиспитување ќе продолжи и во иднина.“

Калин нагласи дека тоа што американскиот претседател Доналд Трамп го дефинира Ковид-19 како „Кинески вирус“ е одраз на трговските војни коишто веќе долго време продолжуваат помеѓу САД и Кина.

Предупредувајќи дека Ковид-19 го поттикнува и расизмот во светот, Калин рече дека особено во САД во последно време се доживува голем пораст во продажбата на оружје и дека на одредени места се развиваат некои расистички изговори и начини на однесување против одредени расни групи.

Портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин се осврна и на тоа дека во Индија во врска со вирусот се обвинуваат муслиманите и дека двајца француски лекари изјавуваат дека „тестирањата на вакцината треба да се вршат во Африка“, а воедно нагласи дека треба да се избегнува од расистички изговори и начини на однесување.



Слични вести