Чавушоглу: Веднаш да бидат фатени извршителите на грозниот напад врз нашата џамија во Германија

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека веднаш треба да бидат фатени извршителите на грозниот напад врз џамијата во месноста Фајхинген Енц во близина на германскиот град Штутгарт

1419612
Чавушоглу: Веднаш да бидат фатени извршителите на грозниот напад врз нашата џамија во Германија

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека грозниот напад со закачена свинска глава на вратата на една џамија во близина на градот Штутгарт во Германија претставува последен пример на расизмот и непријателството кон исламот во Европа.

Чавушоглу рече дека извршителите на овој грозен настан треба веднаш да бидат фатени.

Мевлут Чавушоглу на својот профил на социјалната мрежа Твитер го напиша следното: „Во Европс продолжуваат расизмот и непријателството кон исламот во Европа дури и за време на честитиот месец Рамазан и периодот на епидемијата. Грозниот напад врз нашата џамија во Германија го претставува последниот пример. Користениот симбол во овој грозен настан всушност го опишува овој болен менталитет. Извршителите на овој настан треба веднаш да бидат фатени.“

Инаку, во месноста Фајхинген Енц во близина на германскиот град Штутгарт,  прексиноќа околу 23:30 часот по локално време беше закачена свинска глава на вратата на џамијата „Фатих“ на Турско-исламската унија за верски прашања (ДИТИБ).

Моментот од овој грозен напад врз џамијата беше снимен од страна на безбедносните камери и беше утврдено како две лица бегаат од местото на настанот.



Слични вести