Во реализирани операции кај градот Сиирт и на северот на Ирак се неутрализирани 5 терористи

Во руралното подрачје на планината Габар кај населеното место Ерух во близина на градот Сиирт и во северниот дел на Ирак се неутрализирани 5 терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1418869
Во реализирани операции кај градот Сиирт и на северот на Ирак се неутрализирани 5 терористи

Во реализирани операции од страна на турските безбедносни сили во руралното подрачје на градот Сиирт и во северниот дел на Ирак се неутрализирани 5 терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Според објавеното соопштение од Министерството за внатрешни работи, во рамките на операциите за воспоставување на внатрешната безбедност од страна на градската команда на жандармеријата е реализирана операција поддржана од воздух против терористички цели во руралното подрачје на планината Габар кај населеното место Ерух во близина на градот Сиирт.

Во операцијата се неутрализирани тројца терористи припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Операциите во подрачјето продолжуваат.

Во меѓувреме, во реализирана воздушна операција во областа Авашин-Басјан во северниот дел на Ирак се неутрализирани двајца терористи утврдени со летала за извидување и набљудување.



Слични вести