Ердоган преку телефон им го честита Рамазан бајрам на војниците во планината Намаз

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу престојуваше во псоета на Ширнак

1418880
Ердоган преку телефон им го честита Рамазан бајрам на војниците во планината Намаз

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган оствари телефонски разговор со министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу кој се наоѓа во контрола на планинското подрачје Намаз и каде што го отвори ифтарот со војници. Ердоган во оваа прилика оствари телефонски разговор и со војниците и уште отсега им го честиташе празникот Рамазан бајрам.

Министерот Сојлу во рамките на посетата на Ширнак и контролата на подрачјето беше придружуван од страна на заменик министерот Мехмет Ерсој, командантот на жандармеријата генерал на армија Ариф Четин и генералниот директор на полицијата Мехмет Акташ. Сите заедно преминаа во посета на базата во планинското подрачје Намаз.

Министерот Сојлу и делегацијата во негова придружба во базата беа прелекани од страна на командантот на жандармериската бригада Чакирсогут, бригадниот генерал Алпер Сир. Во рамките на посетата Сојлу разговараше со војниците.

Министерот Сојлу и делегацијата во негова придружба ифтарот го отворија заедно со војниците.

Сојлу за време на ифтарската вечера оствари телефонски разговор со претседателот Ердоган и го информираше за средбите.

Претседателот Ердоган преку телефонот на министерот Сојлу им се обрати на војниците и им го честиташе месецот на постот Рамазан и празникот бајрам.



Слични вести