Бројот на излекуваните од Ковид-19 во Турција достигна до 110 илјади заболени пациенти

Во изминатите 24 часа од Ковид-19 во Турција починаа 44 лица, регистрирани се 1.368 новозаразени, а оздравеа и се отпуштени од болница уште 1.825 пациенти

1419045
Бројот на излекуваните од Ковид-19 во Турција достигна до 110 илјади заболени пациенти

Успехот што го бележи Турција во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува со намалување и на бројот на смртните случаи и на случаите на зараза.

Бројот на починатите во изминатите 24 часа се намали на 44 лица и вкупниот број на смртните случаи  изнесува 4.140.

Во изминатите 24 часа се направени 35.369 теста од кои се дијагностицирани 1.368 новозаразени.

Вкупниот број на регистрирани случаи на зараза од коронавирусот изнесува 149.435 лице.

Заедно со уште 1.825 излекувани и отпуштени од болница во изминатите 24 часа, вкупниот број на оздравени пациенти кои досега ја победија болеста во Турција се зголеми на 109.962 лица.



Слични вести