Спасени 28 мигранти кои биле турнати назад кон турските територијални води

Турската крајбрежна стража од Егејското Море спаси 28 мигранти кои од страна на грчката крајбрежна стража биле турнати назад кон турските територијални води

1418474
Спасени 28 мигранти кои биле турнати назад кон турските територијални води

Од водите на Егејското Море во близина на населеното место Сеферихисар кај градот Измир се спасени 28 мигранти кои од страна на грчката крјабрежна стража биле принудени да се вратат назад кон турските територијални води.

Според објавеното соопштение од Командата на турската крајбрежна стража, по добиени информации дека во морето во близина на 'ртот Доганбеј се наоѓаат мигранти во гумен чамец на местото на настанот е испратен чамец на турската крајбрежна стража. 

Притоа беа спасени 28 мигранти од кои 16 од Авганистан, 4 Централна Африка, 3 Сирија, 2 Палестина, 1 Ирак, 1 Иран и 1 од Камерун, кои од страна на грчката крајбрежна стража биле турнати назад кон турските територијални води.

Спасените мигранти меѓу кои се наоѓаа и жени и деца по законските постапки се испратени во Дирекцијата на управата за миграција во Измир.

Претходно беа спасени 26 мигранти од кои 11 од Конго, 4 од Того, 3 Сомалија, 3 Централна Африка, 2 Ангола, 1 Сирија и 1 од Палестина, за кои исто така беше истакнато дека од страна на грчката крајбрежна стража биле турнати назад кон турските територијални води. 

И овие спасени 26 мигранти по законските постапки беа испратени во Дирекцијата на управата за миграција.



Слични вести