Реакција од Турција против соопштението на ЕУ во врска со Источниот Медитеран

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој покажа реакција против објавеното соопштение од страна на министрите за надворешни работи на Европската унија (ЕУ) во врска со случувањата во Источниот Медитеран

1418368
Реакција од Турција против соопштението на ЕУ во врска со Источниот Медитеран

Турција покажа реакција против објавеното соопштение од страна на министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија (ЕУ), во врска со случувањата во Источниот Медитеран.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој одговори писмено на едно поставено прашање до Министерството во врска со оваа тема и ја изнесе следната констатација: „Последното соопштение на министрите за надворешни работи на ЕУ во врска со проблемите во Источниот Медитеран претставуваат последен пример на еден јалов изговор којшто се повторува и не е во услуга на ниту една цел.“

Аксој рече дека ова сфаќање кое останува индиферентно пред добронамерните иницијативи на Турција и е земено под заложништво од страна на неправедните и незаконските тврдења на Грција и Кипарски-грчката управа, нема шанса да придонесе за регионалниот мир и стабилноста.

Велејќи дека смисловно е и тоа што солидарноста којашто Европската унија (ЕУ) не може да ја покаже во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) ја покажува безусловно тогаш кога е во прашање кипарско-грчкиот дел, Аксој рече: „Она што треба да го направи Европската унија (ЕУ) е наместо заслепено под рувото на солидарноста да се однесува како портпарол на Грција и Кипарско-грчката управа да покаже здрав разум и да ги земе во предвид меѓународното право и легитимните права и интереси на Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК). Ние како и секогаш повторуваме дека сме отворени за праведен дијалог.“

Инаку, во соопштението кое што беше објавено во врска со случувањата во Источниот Медитеран по вчерашниот состанок преку видеоконференција на министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија (ЕУ), се упатува повик до Турција „Да ги почитува суверените права на земјите членки на ЕУ во сферите на надлежност во морето и територијалните води.“



Слични вести