Претседателот Ердоган разговараше телефонски со новиот ирачки премиер Ќазими

Според објавеното соопштение од одделот за комуникации во претседателскиот кабинет, во телефонскиот разговор претседателот Ердоган му честита на ирачкиот премиер Ќазими и му посака успех во текот на оваа негова нова должност

1418242
Претседателот Ердоган разговараше телефонски со новиот ирачки премиер Ќазими

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефонски разговор со ирачкиот премиер Мустафа Ал Ќазими.

Според објавеното соопштение од одделот за комуникации во претседателскиот кабинет, во телефонскиот разговор претседателот Ердоган му честита на ирачкиот премиер Ќазими и му посака успех во текот на оваа негова нова должност.

Освен тоа во телефонскиот разговор беше разговарано и за прашањето со борбата против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), како и за билатерални и регионални прашања.



Слични вести