Претседателот Ердоган: Изградбата на мост на морскиот теснец Чанакале е наш вековен сон

Претседателот Ердоган рече: „Изградбата на мост на морскиот теснец Чанакале е наш вековен сон. Исто како и бројни други соништа во нашата земја, претставува задоволство тоа што ни се падна нам и овој сон да го претвориме во реалност.“

1418598
Претседателот Ердоган: Изградбата на мост на морскиот теснец Чанакале е наш вековен сон

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска преку видео конфернција учествуваше на церемонијата на завршувањето на изградбата на кулите на „Мостот Чанаккале 1915“, а која се одржа од страна на министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисмаилоглу.

Ердоган во говорот што го одржа во оваа пригода истакна дека силната инфраструктура на Турција во транспортот ќе претставува најголема предност во светот којшто ќе се обликува наново политички и економски по периодот на новиот тип коронавирус (Ковид-19). 

Претседателот Ердоган во врска со „Мостот Чанаккале 1915“ го рече следното: „Изградбата на мост на морскиот теснец Чанакале е наш вековен сон. Исто како и бројни други соништа во нашата земја, претставува задоволство тоа што ни се падна нам и овој сон да го претвориме во реалност. Мостот којшто ќе располага со титула најдолг мост на суспензија во светот ќе го краси морскиот теснец како симбол на нашата победа на Чанакале.“

Од друга страна, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во врска со извршениот терористички напад врз хуманитарните работници на Групата за социјална поддршка „Вефа“ го рече следното: „Оние кои ги напаѓаат вработените кои се обидуваат да им пружаат услуга на војската, полицијата и на граѓаните, ќе ја платат најскапо сметката за тоа.“

Ердоган истакна дека ќе продолжат операциите против сите терористички организации внатре во границите на Турција и надвор преку границата.



Слични вести