Ибрахим Калин објави соопштение по повод 72. годишнина од Накба „Големата катастрофа“

Портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин истакна дека Накба, збор што значи „Голема катастрофа“ на која е подложен палестинскиот народ, е име на окупацијата, беззаконието, зулумот (тиранијата) и неправдата коишто продолжуваат 72 години

1418512
Ибрахим Калин објави соопштение по повод 72. годишнина од Накба „Големата катастрофа“

Портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин објави писмено соопштение по повод одбележувањето на 72. годишнина од Накба и во врска со Палестина.

Калин истакна дека Накба, збор што значи „Голема катастрофа“ на која е подложен палестинскиот народ, е име на окупацијата, беззаконието, зулумот (тиранијата) и неправдата коишто продолжуваат 72 години.

Калин нагласи дека нема легитимност ниту еден план со којшто се негираат постоењето и волјата на палестинскиот народ и ниту една иницијатива со која се има за цел да се предадат Ерусалим и палестинските територии.

Тој рече: "Ние како Турција, под лидерство на нашиот претседател Реџеп Тајјип Ердоган ќе продолжиме да стоиме покрај палестинскиот народ во неговата праведна кауза."

Привлекувајќи внимание дека 70 отсто од палестинското население повеќе од еден век е угнетуван во својата сопствена татковина и 6 милиони Палестинци се приморени да живеат како бегалци во голем број земји, Калин истакна дека и покрај резолуциите на Обединетите нации (ОН) и јасните одредби на меѓународното право продолжуваат незаконските еврејски населби во Источен Ерусалим (Кудс) и на Западниот Брег, а воедно палестинските семејства се протеруваат насилно од своите куќи.

Ибрахим Калин укажа на тоа дека меѓународната заедница која не може да развие решение за оваа непрадва и беззаконие денеска се соочува со еден нов предизвик.

Калин рече: „Политиката на окупација којашто се продолжува систематски со децении се посакува да се прошири и продлабочи со нови планови за анексија. Формирањето на држава Палестина на основа на границите од 1967 година, во склопот на резолуциите на Обединетите нации (ОН) број 242, 338, 1397 и 1515 чиј главен град ќе биде Источен Ерусалим (Кудс) и ќе располага со независна, суверена и географска целовитост, претставува историско и легитимно право на палетсинскиот народ. Без претходно палестинскиот народ да се стекне со своите право не е можно да се воспостави регионалниот и глобалниот мир.“

Портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрхаим Калин истакна дека секој фрлен чекор за промена на правниот, религискиот и историскиот статус на Ерусалим (Кудс) ќе значи игра со оган и рече: „Како што кажа нашиот претседател Реџеп Тајјип Ердоган, Ерусалим (Кудс) е нашата црвена Линија. Ги повикуваме сите кои располагаат со чувство на право, совест и правда да се обединат против модерниот вандализам на Израел. Повторно потестуваме дека политиките на окупација, негирање и анексија нема да донесат мир, спокојство и безбендост за никого, вклучувајќи ги и израелските граѓани.“

Велејќи „Нема легитимност ниту еден план кој го негира (смета за ништовен) постоењето и волјата на палестинскиот народ и ниту една иницијатива која има за цел да се предадат Ерусалим (Кудс) и палестинските територии“, Ибрахим Калин го додаде следното: „Нема никакво значење и никаква одредба тоа од чија страна се прават и поддржуваат овие планови. Ние како Турција, под лидерство на нашиот претседател Реџеп Тајјип Ердоган, ќе продолжиме да стоиме покрај палестинскиот народ во неговата праведна кауза."

 



Слични вести