Чавушоглу: Одговоривме на барањата за медицински материјали на 80 земји од 135 колку што се обратија до нас

Министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу информира дека е одговорено на барањата на 80 земји од 135 земји колку што се обратија до Турција за испраќање на медицински материјали во рамките на борбата против епидемијата на коронавирусот (Ковид-19)

1418250
Чавушоглу: Одговоривме на барањата за медицински материјали на 80 земји од 135 колку што се обратија до нас

Министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу беше гостин во програмата на еден приватен телевизиски канал кадешто одговораше на поставените прашања посветени на актуелниот дневен ред.

Чавушоглу информира дека е одговорено на барањата на 80 земји од 135 земји колку што се обратија до Турција за испраќање на медицински материјали во рамките на борбата против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

„(Поради Ковид-19) донесовме во земјата приближно 70 илјади наши државјани од 114 земји и ги ставивме во 14 дневен карантин.“ - рече Чавушоглу.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу воедно го додаде и следното: „До нас пристигнаа барања од 135 земји за испраќање на медицински материјали. Ги задоволивме (одговоривме на) барањата на 80 земји.“



Слични вести