Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Турција во последните 24 часа се намали на 41 лице
Успехот на Турција во борбата против Ковид-19 продолжува со намалување на бројот на смртните случаи и заразени
1418649

Во последните 24 часа константно продолжи падот на бројот на смртните случаи и инфектираните од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во Турција.
Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Турција во последните 24 часа се намали на 41 лице и вкупно изнесува 4 096 лица.
Во истиот период беа остварени 42 236 тестови од кои 1 610 беа позитивни.
Со подобрувањето на здравствената состојба на уште 2 004 лица, вкупниот број на оздравените пациенти кои беа отпуштени од болница изнесува 108 137.