Турските безбедносни сили продолжуваат да им нанесуваат тешки загуби на терористите

Турските безбедносни сили продолжуваат да им нанесуваат тешки загуби на терористите како внатре во границите на земјата, така и надвор преку границата

1418156
Турските безбедносни сили продолжуваат да им нанесуваат тешки загуби на терористите

Во реализирана операција поддржана од воздух во областа Беста кај градот Ширнак се неутрализирани двајца терористи, членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Според објавеното соопштение од Министерството за внатрешни работи, во рамките на операциите за воспоставување на безбедноста внатре во земјата од страна на градската команда на жандармеријата е реализирана операција поддржана од воздух на областа Беста кај градот Ширнак.

Во операцијата се неутрализирани двајца терористи, членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Како што се истакнува операциите против терористите во подрачјето продолжуваат.

Од друга страна, Министерството за национална одбрана соопшти дека за време на активностите за пребарување на, теренот коишто продолжуваат во областа Авашин во северниот дел на Ирак во засолништа и пештери на сепаратистичко-терористичката организација ПКК се запленети муниција и материјали за обезбедување на животните потреби на терористите.

Исто така и во реализирана операција против сепаратистичко-терористичката организација ПКК во населеното место Ѓурпинар кај градот Ван се запленети  муниција, 32 антитенковски гранати и 22 фитили.



Слични вести