Претседателот Ердоган: Ќе се бориме до крај против терористите и нивните поддржувачи

Претседателот Ердоган истакна дека ќе се води борба до крај против терористите и нивните поддржувачи кои ги напаѓаат сите вредности на нашиот честит народ и посегнуваат по нашето единство, заедништво и нашиот живот

1418085
Претседателот Ердоган: Ќе се бориме до крај против терористите и нивните поддржувачи

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во објавеното соопштение на својот профил на Твитер покажа реакција против извршениот терористички напад од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК кај градот Ван во кој загинаа двајца хуманитарни работници, а еден беше ранет.

Претседателот Ердоган истакна дека ќе се води борба до крај против терористите и нивните поддржувачи кои ги напаѓаат сите вредности на нашиот честит народ и посегнуваат по нашето единство, заедништво и нашиот живот. 

„Предавничкиот напад којшто беше извршен вчера од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК против вработените на Групата за социјална поддршка „Вефа“ во населеното место Озалп кај градот Ван, уште еднаш на отворен начин го покажа грозоморното лице на терористичката организација за кое се настојува да се сокрие зад завеси.“

„Ќе се води борба до крај против терористите и нивните поддржувачи кои на своите предавства секој ден им додаваат нови, ги напаѓаат сите вредности на нашиот честит народ и посегнуваат против нашето единство, заедништво и нашиот живот.“ - напиша Ердоган.

Посакувајќи им милост од Аллах на двајцата шехиди (загинати) во нападот, претседателот Ердоган рече: „Исто како што е направено досега ќе им се наплати цената на овие подли и за овој предавнички напад.“

Вчера беше извршен напад со автоматско оружје врз возилото во кое се наоѓаа врбаотени на Групата за социјална поддршка „Вефа“ кои носеа помош за маалото Егрибелен во населеното место Озалп кај градот Ван, инаку маало кое во рамките на преземените мерки против новиот тип коронавирус (Ковид-19) е ставено под карантин.

Во нападот загинаа две лица, а едно лице беше рането.



Слични вести