Министерот за национална одбрана Акар: Од јануари досега се неутрализирани вкупно 1.393 терористи

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека продолжуваат операциите во северниот дел на Ирак и дека од јануари досега се неутрализирани вкупно 1.393 терористи

1418199
Министерот за национална одбрана Акар: Од јануари досега се неутрализирани вкупно 1.393 терористи

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар беше гостин во програмата на еден телевизиски канал кадешто во врска со борбата против тероризмот истакна дека во моментов продолжуваат операциите во северниот дел на Ирак и дека продолжуваат обидите за напад од подрачјето со експлозиви од рачна изработка, префрлување и вознемирувачки и провоцирачки напади. 

Акар информира дека од јануари досега се неутрализирани вкупно 1.393 терористи.

На едно поставено прашање во врска со извршениот терористички напад врз вработените на Групата за социјална поддршка „Вефа“, Акар привлече внимание на тоа дека Групата Вефа води хуманитарни активности.

Хулуси Акар истакна дека остро го осудува нападот и рече: "Тоа нема врска ниту со човештво, ниту со граѓанство. Нема ниту таков терорист. Тоа е вистинска подлост. Сигурно ќе се побара сметката за тоа." 

Од друга страна, министерот за национална одбрана Хулуси Акар во врска со заедничките патролирања во подрачјето на Идлиб во Сирија истакна дека продолжува имплементацијата на потпишаниот договор со Русија на 5 март.



Слични вести