Фуат Октај: Две третини од земјите во светот се обратија за помош до Турција во борбата против Ковид-19

Потпретседателот Фуат Октај информира дека две третини, односно приближно 70 отсто од земјите во светот се обратија за помош до Турција во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19)

1417992
Фуат Октај: Две третини од земјите во светот се обратија за помош до Турција во борбата против Ковид-19

Потпретседателот Фуат Октај од претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе во Анкара преку видеоконференција учествуваше на една емисија во живо преку интернет. 

Овде, потпретседателот Октај информира дека приближно 70 отсто од земјите во светот се обратија за помош до Турција во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Привлекувајќи внимание дека борбата на Турција под лидерство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган против Ковид-19 претставува пример за целиот свет, Фуат Октај истакна дека во голем број земји кои се дефинирани како „супер сила“ се доживува паника, додека во Турција не постои таква состојба.

Октај напомена дека голем број земји се обратија за помош до Турција и го рече следното: „Две третини, односно приближно 70 отсто од земјите во светот се обратија за помош до Турција. Пристигнаа барања за маски, комбинезони, апарати за дишење. Досега се стекнавме со можжност да им помогнеме на 80 земји кои се обратија за помош до нас.“

Потпретседателот Фуат Октај подвлече дека Турција за кусо време го произведе апаратот за дишење од којшто светот има потреба во борбата против Ковид-19 и додаде дека доловениот раст во одбранбената индустрија ќе се оствари и во здравствениот и автомобилскиот сектор и во производството на возови.



Слични вести