Во операции кај Ширнак и Дијарбакир се неутрализирани 5 терористи

Во рамките на реализираните операции за воспоставување на безбедноста во границите на земјата се неутрализирани 5 терористи од кои тројца кај градот Ширнак и двајца кај градот Дијарбакир

1416993
Во операции кај Ширнак и Дијарбакир се неутрализирани 5 терористи

Во реализирани операции против сепаратистичко-терористичката организација ПКК кај градовите Ширнак и Дијарбакир се неутрализирани 5 терористи.

Во рамките на операциите за воспоставување на безбедноста во границите на земјата од страна на градската команда на жандармеријата во областа Бестлер Дерелер кај градот Ширнак е реализирана воздушна операција во која се неутрализирани тројца терористи.

Во реализирана операција во руралното подрачје на населеното место Лиџе кај градот Дијарбакир пак е убиен еден терорист, а еден терорист е фатен живот.

Како што истакнува фатениот терорист се наоѓал на списокот на барани терористи во категоријата означена со портокалова боја по кого е распишана награда од 1 милион турски лири.

Министерот за внатрешни работи во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека во последните реализирани операции бројот на терористите во границите на земјата се намалу за уште 5 мина, а во врска со 5 терористи кои избегаа го напиша следното: „5 терористи кои избегавте немојте да помислете дека сте среќни... Јунаците се по вас...“



Слични вести