Терористички напад кај градот Ван: Загинаа двајца вработени на Групата за социјална поддршка „Вефа“

Терористи извршија напад врз возило во кое се наоѓаа вработени на Групата за социјална поддршка „Вефа“ на враќање од маалото ставено под карантин поради Ковид-19, во населеното место Озалп кај градот Ван, при што 2 лица загинаа

1417356
Терористички напад кај градот Ван: Загинаа двајца вработени на Групата за социјална поддршка „Вефа“

Во реализиран напад од страна на терористите припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК врз возило во кое се наоѓаа вработени на Групата за социјална поддршка „Вефа“, животот го загубија 2 лица.

Терористи извршија напад врз возило во кое се наоѓаа вработени на Групата за социјална поддршка „Вефа“ на враќање од маалото ставено под карантин поради новиот тип коронавирус (Ковид-19), во населеното место Озалп кај градот Ван.

Во нападот загинаа 2 лица.

Третиот вработен во локалната самоуправа кој се наоѓал во возилото се спаси од нападот ранет кој е префрлен на лекување во болница.

Возилото во кое се наоѓаа терористите избега од местото на нападот.

За фаќање на терористите кои го извршија нападот е започната операција од широк обем во подрачјето.



Слични вести