Порака со честитка од претседателот Ердоган по повод Празникот на турскиот јазик

Претседателот Ердоган во пораката по повод 13 мај Празникот на турскиот јазик го напиша следното: „Рековме ќе зборуваме на турски јазик, интересите на нашата земја и правото на угнетените секогаш ги браневме на турски“

1417078
Порака со честитка од претседателот Ердоган по повод Празникот на турскиот јазик

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган објави порака со честитка по повод 13 мај Празникот на турскиот јазик. 

Ердоган во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер го напиша следното: „Рековме ќе зборуваме на турски јазик, интересите на нашата земја и правото на угнетените секогаш ги браневме на турски. И во иднина нашата борба за право и правда ќе ја водиме зборувајќи на турски јазик.“ 

Заедно со споделената објава со емоџи икона на турското знаме се вели „Честит 13 мај Празникот на турскиот јазик“, а е споделена и видео снимка.

Во видеото им се одделува место на моменти од одржаните говори на претседателот Ердоган со негово обраќање до светските лидери на турски јазик и како за време на сликањето на семејна фотографија го зема и го крева турското знаме од земјата.

Освен тоа во видеото зазема место и снимка во која претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во годините кога ја извршуваше должноста градоначалник на Истанбул на едно поставено прашање во една телевизиска програма „Ме интересира на кој јазик ќе зборувате за да воспоставите комуникација со лидерите на другите земји ако станете премиер на Република Турција?“, одговара со зборовите „Ќе зборувам на турски јазик!“



Слични вести