Мевлут Чавушоглу: Со сеопфатен приод треба да го зголемиме нашето присуство во Азија

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека со тоа што Азија станува центар на економијата и дигитализацијата Турција со сеопфатен приод треба да го зголеми своето присуство таму и да му придаде една нова енергија на овој дел на светот

1417323
Мевлут Чавушоглу: Со сеопфатен приод треба да го зголемиме нашето присуство во Азија

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу учествуваше на видеоконференцијата во организација на Друштвото на студентите за меѓународно односи на Универзитетот Коч и говореше во врска со иницијативата на Турција „Претприемничка и хуманитарна надворешна политика.“

Чавушоглу истакна дека со тоа што Азија станува центар на економијата и дигитализацијата Турција со сеопфатен приод треба да го зголеми своето присуство таму и да му придаде една нова енергија на овој дел на светот.

Укажувајќи на активниот став што го покажува Турција во меѓународна смисла во процесот на борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19), Мевлут Чавушоглу рече: „Додека сите земји прават список во бројни сектори од безбедноста на храната до медицинските материјали и одбранбената индустрија, меѓу првите 5 земји сигурно ј аима Турција. Треба да го согледаме тоа.“

Чавушоглу привлече внимание и на тоа дека Турција не е нов актер во Азија и го додаде следното: „Нашите корени потекнуваат оттаму. Не име во сите азиски земји. Ако центар на економијата и дигитализацијата станува Азија, тогаш со сеопфатен приод треба да го зголемиме нашето тамошно присуство, треба да придадеме една нова енергија. Тоа не е само економски, во тоа ги има културата, образованието, индустријализацијата и технологијата.“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека Турција е дојдена во положба на бренд и во сферата на посредувањето и информира дека во наредните денови ќе одржат видеоконференција по ова прашање со учество на министрите за надворешни работи на голем број земји.

 



Слични вести